План за заштита и спасување

Друштвото за трговија, консалтинг, услуги и управување ВЕЛ-ДОМ ДООЕЛ Велес, нуди помош за изработка на правилници за заштита од пожари и експлозии и опасни материи, планови за заштита и спасување, планови за заштита од пожари, шеми за евакуација и изработка на процени на загрозеност од природни непогоди и други несреќи во оваа област имаме ангажирано лице со 28 годишно работно искуство.

ОБВРСКИ НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, УСТАНОВИ И СЛУЖБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

(“Службен весник на Р.М“ бр.36/200449/200486/200885/2009124/201018/201141/2014129/2015, 71/2016106/201683/2018) Обврските кои произлегуваат од овој закон се дефинирани во членот 39 од гореспоменатиот закон, според кој субјектите кои се наведени во насловот, се должни во зависност од бројот на вработените, видот на дејноста, застапеноста на опасни материи во процесот на производство, локацијата и другите услови значајни за заштитата и спасувањето, да донесат и изработат процена на загрозеност и план за заштита и спасување. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи за потребите на трговските друштва во согласност со членот 11 став 3 за потребите на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби, ја донесува органот на управување на истите. Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во согласност со член 13 став 2 за гореспоменатите субјекти го донесува органот на управување на истите. Во согласност со член 14 став 1 неопходно е пред донесување на плановите од страна на органот на управување, истите да се достават до подрачното одделение за заштита и спасување заради добивање на мислење. Исто така во согласност со член 75 став 2 од овој закон, субјектите се должни да донесат правилник за заштита од пожари и експлозии на кој Согласност дава дирекцијата за заштита и спасување.

С О Д Р Ж И Н А

На документите кои треба да ги имаат изготвено и усвоено носителите на заштитата и спасувањето

СОДРЖИНА НА ПРОЦЕНАТА НА ЗАГРОЗЕНОСТ

Општи карактеристики на објектот

  • Дејност и влијание за можноста за предизвикување на природни непогоди и други несреќи
  • Влијание на несреќите и непогодите во обавување на дејноста
  • Податоци за капацитетите
  • Густина на изграденост
  • Сообраќајна инфраструктура
  • Број на вработени

Процена по мерките на загрозеност

  • Загрозеност од земјотреси и урнатини
  • Загрозеност од пожари и експлозии
  • Загрозеност од РХБ контаминација
  • Загрозеност од снежни наноси и лавини
  • Загрозеност од епидемии на зарзни заболувања
  • Загрозеност од поплави
  • Загрозеност од акциденти со опасни материи
  • Загрозеност од техничко технолошки несреќи и заштита на животната средина.
  • Загрозеност од други вонредни состојби.

Мерки за заштита и спасување

  • Евакуација
  • Засолнување на вработените
  • РХБ заштита
  • Спасување од урнатини
  • Заштита и спасување од пожари,експлозии и опасни материи
  • Прва медицинска помош
  • Други мерки во зависност од загрозеноста на објектот и присутните во него
СОДРЖИНА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Мерки за подготвеност на силите за заштита и спасување

  • Мерки за подготвеност кои се преземаат во прв степен
  • Мерки за подготвеност кои се преземаат во втор степен
  • Мерки за подготвеност кои се преземаат во трет степен

Мобилизација на силите за заштита и спасување

  • Изработка на комплет упатства и наредби за извршување на мобилизацијата
  • Изработка на комплет табеларни прегледи (органограми)
  • Изработка на прегледи за формациските состави на штабот и единицата за заштита и спасување
  • Изработка на одлуки за формирање на штаб и единица за заштита и спасување

Ангажирање на силите за заштита и спасување

Заеднички документи

  • Изработка на планови за заштита и спасување за секоја мерка посебно (евакуација, противпожарна заштита, засолнување и др.)
  • Изработка на план за употреба на силитe за заштита и спасување
  • Изработка на план за врски

Посебни документи

  • Преглед на силите за заштита и спасување
  • Преглед на материјално техничката опременост
  • Преглед на состојбата во организираноста на самозаштитата
  • Дневник за активностите во заштитата и спасувањето
  • Работни карти за следење на состојбите
  • Процената и Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи се изработуваат врз основа на Методологијата за содржината и начинот на проценување на опасностите и планирањето на заштитата и спасувањето (“Службен весник на РМ“ бр.76/2006 год.).
СОДРЖИНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ И ЕКСПЛОЗИИ
  • Организациона, функционална и просторна поставеност
  • Мерките за заштита од пожари и експлозии со кои ќе се отстранува, односно намалува опасноста од појава на пожари и експлозии
  • Начинот на запознавање на вработените со опасностите од пожари и експлозии сврзано со соодветното работно место, при стапување на работа и при распоредување од едно на друго работно место
  • Начинот на обучување на вработените за учество во гасење на пожари, како и ракување со опремата за гасење на пожари
  • Распоредот и времето на испитување на уредите, техничката опрема и средствата за гасење на пожари

Правилникот за заштита од пожари и експлозии се изработува врз основа на Упатството за содржината на Правилникот за заштита од пожари и експлозии на сите институции и правни лица (“Службен весник на РМ“ бр.80/2011 год.).

ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 75

Државните органи, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи, трговските друштва, трговците поединци и други правни лица, во согласност со закон се должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати.

Субјектите од ставот 1 на овој член се должни да донесат правилник за заштита од пожари и експлозии на кој согласност дава Дирекцијата. Содржината на правилникот за заштита од пожари и експлозии од ставот 2 на овој член ја пропишува директорот на Дирекцијата. Уредите, инсталациите, опремата и средствата од ставот 1 на овој член, задолжително треба да се наоѓаат на одредени места, да се одржуваат во исправна состојба, да бидат посебно обележани и секогаш достапни за употреба, согласно со закон.

Член 153

Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако не постапи согласно со одредбите од членот 75 на овој закон.

Член 11

Планот за заштита и спасување од членот 10 на овој закон се изработува врз основа на Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи на територијата на Републиката ја донесува Владата на Република Македонија. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи за подрачјето на општината ја донесува советот на општината, односно Советот на Градот Скопје. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи за потребите на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби ја донесува органот на управување во истите.

Член 153

Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако не постапи согласно со одредбите од членот 11 на овој закон.