
По однос на постапките кои произлегуваат од Законот за општата управна постапка обезбедуваме целосна правна помош од поднесување на барање до окончување на постапката, односно заштита на правата и правните интереси на Вас како физичко или правно лице пред органите на државната управа, министерствата, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Велес и општините во градот Велес, кога во вршењето на своите законски надлежности, постапуваат, решаваат и преземаат други управни дејствија во управни работи.