Функционална анализа-систематизација на работни места

ДПТУУК ВЕЛ-ДОМ – Велес, Ви стои на располагање по однос на доследна примена на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор и сите останати подзаконски акти. Спроведување постапка за оценка на вработените, спроведување дисциплинска постапка, изработка на акти за систематизација изработка на годишен план за вработувања како и спроведување на функционална анализа врз основа на методологијата.

Друштво за трговија, консалтинг, услуги и управување  ВЕЛ-ДОМ ДООЕЛ Велес, Има искуство во изработката на Функционална анализа и Ви стои на располагање по однос на доследна примена на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор и сите останати подзаконски акти. 

ВЕЛ-ДОМ заклучно со декември 2020 година има изработено повеќе од 10 Функционални Анализи меѓу кои:

1.ЈКП Комуналец Кавадарци

2.Државен испитен центар Скопје

3.Општина Чашка

4.ЈКП Тополка Чашка

5.ОУ Рајко Жинзифов Оризари

6.ОУ Васил Главинов Велес

7.Општина Кавадарци

8.ЈКП Комуналец Прилеп

9.ЈП Плачковица – Карбинци

10.ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

11.Македонски Шуми

Во Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) е пропишано дека институциите од јавниот сектор актите за внатрешна организација и ситематизација ги донесуваат врз основа на функцинална анализа.

Функционалната анализа е алатка за управување со промени, односно анализа која има за цел да ги идентификува главните карактеристики на постојаната организациска структура и функционирањето на институцијата во целина со цел да предложи конкретни мерки за подобрување на ефикасноста и ефективноста во институцијата.

Целта на функционалната анализа е двократна: да се согледаат главните прашања во организацијата и во функционирањето на институцијата кои имаат влијание врз остварувањето на нејзиниот мандат, а притоа  и да се предложат конкретни мерки за подобрување на перформансите во работењето внатре во институцијата,

Добиените резултати од спроведената функционална анализа иницираат конкретни препораки кои ќе бидат презентирани како раководна структура и нивната примена ќе придонесе за подобрување на работниот процес, подобрата ориентираност, подобра работна атмосфера и подобри вкупни резултати во работењето. Доколку сте заинтересирани Ве замолуваме да не контактирате на следниот телефонски број:

071/274-444 – Далибор Трајковски
076/427-111 – Маја Војдиновска