ШТО Е УПРАВИТЕЛ

Со зградата може да управува и Управител, кој ќе биде определен од страна на сопствениците на посебните делови. Управител е правно или физичко лице лиценцирано од страна на Регулаторна к0омисија за домување. Лиценцата има времетраење од пет години, а Управителот задолжително треба да има вработено три лица, од кои едно со високо образование. За да биде зградата управувана од Управител, сопствениците на посебните делови донесуваат Одлука за определување на Управител. Ваква одлука може да се донесе само доколку зградата има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови во зградата.

Управителот на станбената зграда ги застапува сопствениците на посебните делови во работите што се однесуваат за управувањето со станбената зграда и води сметка за остварување на правата и обврските што произлегуваат од Договорот за управувачки услуги. Препорачано е, пред да биде склучен Договор за управувачки  услуги, Собирот на сопственици да користи правна помош за детално уредување на договорните услови, права и обврски на страните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *