Зошто ви е потребна фирма управител ?

Фирма Управител Ви е потребно поради следните причини:

Повеќе нема да Ѕвоните на врата кај Вашиот  сосед и да го молите со цел да ја плати неговата месечна фактура за одржувањето на станбената зграда.  Нема да биде потребно Вие како редовен подмирувач на своите обврски да мора да плаќате и за соседите кои со години не ги подмируваат сметките за влезот. Станбениот објект ќе располага со парични средства во резервен фонд, кои можат да се употребат само со Ваша претходна согласност. Застапување пред трети лица и Државни органи ќе биде организирано од страна на Управителот. Редовно ќе биде чист влезот во станбениот објект, а воедно сите тековни проблеми (течење на кров, запушена канализација, дезинсекција на станбениот објект, и многу други работи) ќе бидат организирани и решавани од страна на Управителот, со претходно пријавување на нашиот телефонски број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *