Со доследно почитување на одредбите од Законот за домување, никогаш повеќе нема да Ви се случи:

Да се качувате пеш до седми кат, зашто лифтот пак не работи, Да ги осветлувате скалите во зградата со запалка или со мобилен телефон, зашто некој не ја платил заедничката струја, Да падне дел од фасадата врз случаен минувач или паркиран автомобил, зашто не може да се договорите со соседите кој да ја поправи, Да се сопнете на кеса ѓубре пред влезот, зашто немало кој да исчисти, Да го стиснете бројот на вашиот кат во лифтот со пенкало, зашто копчето паднало, Да Ви протекува кровот на Вашата зграда, бидејќи неможете да се договорите со соседите за негова санација, Да се расправате со соседот зашто со месеци само тој не плаќа за хигиеничар, Да се исплашите од мачка која влегла во влезот и создала потомство зашто влезната врата нема кој да ја поправи со години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *