Кои се правата и обврските на сопстевениците од етажна сопственост?

Домувањето во колективна станбена зграда подразбира остварување на права, почитување на обврски и воспоставување на норми за домување преку кои станарите ќе си го зголемат квалитетот на живеење во својот дом.

Секој станар треба да се однесува кон сопственоста како добар домаќин, не само кон својот стан или деловен простор туку  и конаа која ја дели со соседите. Особено, треба да учествува во тековното и инвестициското одржување на заедничките делови од зградата, и тоа сразмерно на вредноста на својот посебен дел.

Заштитувајќи ја својата сопственост, станарот треба да го почитува правото на сопственост на соседите и да се воздржува од повреди на тоа право.

 

Одржувањето на станбените згради и станови треба да обезбеди постојана исправност, безбедност и употребливост на сите делови на зградата како целина, на естетски обликуваниот изглед, на уредите, инсталациите и опремата на зградата, кои им служат на сите корисници на зградата.

Доколку при користењето на својот дел од зградата, сопственикот на стан причинил штета на други делови од зградата што се во сопственост на други лица, тој е должен да ја надомести направената штета и да ги отсрани евентуалните пречки предизвикани од тоа. Сопственикот на стан е одговорен пред другите сопственици за причинетата штета и во случај кога не живее тој во станот, туку негов закупец.

Иако има дел од заедничката сопственост во зградата, станарот не може во својот дел, односно во својот стан или деловен простор, да врши преправки што би можеле да го нарушат архитетконскиот лик на зградата, или да ја намалат нејзината стабилност.

По потреба, сопственикот на стан е должен да дозволи во неговиот дел од зградата (станот) да се извршат нужни интервенции поради отсранување на пречки (или причини кои можат да предизвикаат штета кај него и/или кај соседите), заради непречено практикување на правото на сопственост на другите сопственици на посебни делови (станови) од зградата.

Поравките и преправките на деловите на зградата што се во функција на сите станари во целата зграда, или само на определени делови од зградата (влезови) кога зградата има повеќе влезови, се вршат врз основа на согласност на мнозинството сопственици на зградата, односно на сопствените делови од зградата. Дали ќе биде потребна согласност на сите сопственици, од целата зграда, или само на сопствениците од влезот каде конкретно треба да се превземе одредена активност, ќе зависи од тоа како станарите се организирани, односно дали е основана една заедница на сопственици на цела зграда одеднаш, или за секој влез посебно, или пак дали цела зграда ангажира еден Управител или секој влез ангажира посебен Управител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *