Права и обврски на управителот

 

(1) Управителот ги има следниве права и обврски:
1) ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;
2) се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;
3) ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;
4) ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки, во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето;
5) подготвува план за одржување на станбената зграда, план со динамика за спроведување на овој план и се грижи за спроведување на планот;
6) подготвува пресметка на трошоците на управување на станбената зграда и ги распоредува трошоците меѓу сопствениците на посебните делови;
7) ги прима уплатите на сопствениците на посебни делови врз основа на месечна пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица;
8) ги информира сопствениците на посебните делови за својата работа и им доставува месечни и годишни пресметки;
9) изготвува годишен извештај за управување со објектот;
10) во согласност со одредбите од овој закон стопанисува со резервниот фонд;
11) врши набројување и нумерирање на становите и го пријавува уписот на податоците во органот што ги води јавните книги на недвижностите и
12) треба да ги познава стандардите и нормативите за пристапност на лица со хендикеп во станбениот објект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *