ВАЖНО

ВАЖНО:

Сите сопственици на посебни делови имаат еднакво право на користење на заедничките делови од станбената зграда што се во состав на зградата како целина и треба домаќински да постапуваат со сопственоста (етажната и заедничката). Меѓутоа, на сопствениците не им припаѓаат само правата произлезени од сопственичкото право, туку тие имаат и обврски. Имено, сопствениците се должни да се грижат за одржувањето на својот посебен дел од зградата (станот), како и на заедничките делови, а истовремено се должни да учествуваат во трошоците поврзани со тековното и инвестициското одржување на заедничките делови од зградата (сразмерно со големината на посебниот дел).

 

Како се уредуваат меѓусебните односи на станарите ?

 

За да се уредат односите меѓу станарите, сопствениците склучуваат Договор за заеднички односи во кој се регулираат сите прашања за идни поправки и преправки на заедничките делови од зградата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *