Консалтинг

Водени од фактот дека зборот косултант потекнува од латинскиот збор ‘consultare‘ што во превод би значело ‘да се дискутира‘, нашите консултантски услуги ги сфаќаме како двонасочна размена на факти и аргументи со цел да се изнајде најефективното и најефиксното решение за вашиот предизвик.

Според дефиниција, консултантите се искусни експерти обучени да направат анализа и да му помогнат на клиентот предлагајќи му го најдоброто можно решение.

Ние ја почитуваме дефиницијата, но при тоа водиме сметка и за максимална исплатливост на проектите и задоволство на клиентите.

Ние постоиме заради тоа што вам ви е потребна помош и продолжуваме да постоиме затоа што ги разбираме вашите грижи, притоа почитувајќи ги законите и прописите.

На клиентите им нудиме квалитетни услуги базирани на нашeто искуство кои пред се се однесуваат на прашања од јавните набавки, работните односи, актите и постапките од Законот за вработените во јавен сектор и Законот за административните службеници, постапките пред осигурителните компании , постапките кои произлегуваат од Законот за општата управна постапка и давање стручна помош при изработка на договори согласно Законот за облигациони односи.