За нас

Друштво за трговија, консалтинг, услуги и управување ВЕЛ-ДОМ ДООЕЛ Велес, е лиценцирана фирма со претежна дејност за управуање и одржување со станбено-деловни објекти со седиште во Велес, со цел да им овозможиме на сите
сопственици на посебни станбени единици кои имаат интерес, да имаат директна соработка со нас и да создадеме подобри услови на домување во рамките на колективните станбени згради.

Како дополнителна дејност на друштвото се и интелектуалните услуги базирани според потребите на клиентите во повеќе категории и тоа од областа на Законот јавните набавки, Законот за работни односи, Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за облигационите односи, постапките согласно Законот за општа управна постапка, застапување пред Осигурителните компании поднесување оштетни побарување и судкса заштита итн.